Голови...
9’ Пенал за кратовци по прекршокот над Недељковиќ, кој во гол го претвора Ѓорѓиев.
12’ Глигоров не успева во првиот обид да го совлада Петровски, но во вториот од нешто поблиску го пронаоѓа патот до мрежата
16’ На одбиената топка од голманот Петровски натрча Гуцев и од неколку метра ја затресе мрежата
Момчило Митевски
И двата тима заслужуваат честитки за одличната игра прикажана на извонредно тешкиот терен за игра. Ние многу повеќе ја посакувавме победата, во прилог на тоа постигнавме три брзи погодоци и уште во рана фаза го одлучивме победникот на мечот. Морам да нагласам дека и покрај убедливиот резултат, победивме квлитетен противник и се реванширавме за охридските 3-1.
Здравко Цветаноски
Честитки за фудбалерите на Силекс за заслужената победа. Нам ни се повтори приказната со Металург, повторно примивме два брзи погодоци на почетокот и беше многу тешко да се надополни загубеното. Во вториот дел ја консолидиравме играта, бевме далеку подобри отколку во првиот дел, но не успеавме да сториме ништо повеќе од чесен и заслужен пораз.