Работнички неочекувано киксна на домашен терен против Ренова, а шансата за прогрес ја гледаат Силекс и Шкупи. Токму овие два тима, денеска (14 часот) на стадионот „Чаир“ ќе го одиграат првенствениот натпревар од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига, и за двата тима извонредно значаен од бодовен аспект. Тимот од Кратово во пресрет на овој натпревар се наоѓа на третата позиција, со 33 бода, еден повеќе од Работнички, додека пак Шкупи е две места подолу, но со 31 бод. Силекс ќе има огромна шанса да се оддалечи од Работнички, кој вчера ремизираше без голови со Ренова, но, можност за искачување на третото место со евентуален триумф има и Шкупи, кој најавува вистинска фудбалска „војна“ на домашен терен.
Квотата за 1 е 1.90, а за триумф на Силекс квотата е 3.90. Судија е Дејан Јакимовски од Скопје.
Силекс на Чаир ќе ја „цементира“ евровизата, Шкупи се надева на пробив на 3-та позиција
Најново
![]() | Денеска | 3071 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 25534 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 118471 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20903213 |