По серијата порази и нерешени игри, фудбалерите на Силекс немаат друг избор, освен победа или, во најмала рака, бод од тешкото гостување на Хоризонт. Директниот конкурент на табелата е на минус два бода и со евентуална победа ќе го мине Силекс на табелата, а исто така и Металург има домашен меч со Брегалница, што би можело да значи дека кратовци со пораз за прв пат сезонава би се нашле во плеј-аут зоната.
Но во редовите на Силекс никој не мисли на таа црна варијанта, бидејќи владее оптимизам.
-Одиме по трите бода, но и со бод ќе бидеме задоволни. Имаме сили за еден мал подвиг како што е триумф на незгодниот терен во Турново. Атмосферата во тимот е ведра и оптимистичка, само треба да покажеме што знаеме и бодовите се наши. Нам местото не ни е во плеј-аут зоната, туку во првите шест на табелата - вели Илија Јаков, кој се почесто добива шанса од тренерот Штерјовски.
Силекс оди по бодови во Турново, во спротивно оди во плеј-аут зоната
Најново
![]() | Денеска | 930 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 23393 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 116330 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20901072 |