Иако ослабени со неиграњето на Стефан Рудан и Филип Дурански, фудбалерите на Силекс стигнаа до посакуваните три бода на гостувањето во Охрид против стариот должник Младост Царев Двор. Играчот кој го одлучи мечот беше Александар Пановски, кој во 24-тата минута ги постави конечните 0-1.
Дваесетото коло донесе триумфи на сите пет екипи од горниот дел на табелата, и една интересна ситуација на табелата, каде Силекс, Работнички и Шкупи имаат по 30 бода и влегуваат во рамноправна битка за третата позиција. Многу е замрсено и во долниот дел од табелата, каде Брегалница, Ренова и Турново имаат по 20 бода, и ќе водат грчевита борба за избегнување на последните две позиции, кои засега ги држат Металург и Младост.
Резултати 20. коло
Брегалница - Шкендија 0:3
Младост - Силекс 0:1
Металург - Работнички 1:2
Хоризонт - Вардар 0:1
Шкупи - Ренова 1:0.
ТАБЕЛА:
Вардар 49
Шкендија 44
Силекс 30
Работнички 30
Шкупи 30
Брегалница 20
Ренова 20
Хоризонт Т. 20
Младост Ц.Д. 16
Металург 13