gogo

A+ R A-


Силекс поразен во реваншот, кобен се покажа третиот гол во Вадуц

altСилекс е елиминиран од Вадуц со вкупен резултат 2-5 во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Кратовци по поразот од 3-1 на гости, вчера загубија и на арената „Филип Втори“ со 1-2 и повторно за нив кобен беше финишот на натпреварот. Со голот на Марјан Мицков во првото полувреме, нашиот претставник во ЛЕ имаше водство се до финишот на натпреварот. Притискаше и за втор гол кој ќе го одведеше во следната рунда, но Силекс наивно направи пенал во 89-тата минута, што го реализираше Костанцо.

Во третата минута од судиското продолжение гостите направија и целосен пресврт за победа од 1-2 преку Месауд.

„Се покажа желбата на моите фудбалери да победат и тоа го видов на теренот. Го покажаа тоа на најдобар можен начин, но на крајот не издржавме. Во последните минути од првиот дел, противникот притисна и направи неколку зрели шанси, а во второто полувреме повторно ние бевме тие кои игравме и доминиравме. Имавме шанси, но без реализација ништо од тоа“, изјави по натпреварот Момчило Митевски.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.