Силекс не успеа да стигне барем до бод на незгодното гостување во Турново, во меч во кој домаќините мораа да триумфираат за да го избегнат плеј-аутот. Турновци водеа со 2-0, пред Александар Пановски од пенал да ги постави конечните 2-1.
Екипите на Вардар и Шкендија одиграа 1-1 во дербито од 27 прволигашко коло со што остануваат во мртвата трка за титулата. Вардар поведе со погодокот на Фелипе, израмни Алими по грешката на Николов. Гостите при резултат 0-0 погодија дирек преку Жуниор додека во вториот дел Ќеран за малку да донесе ново водство за Вардар откако стрелаше во пречката.
ФУДБАЛ ПРВА МФЛ 27. Коло
Вардар – Шкендија 1-1
Брегалница – Работнички 2-1
Х.Турново – Силекс 2-1
Ренова – Металург 4-1
Младост ЦД- Шкупи 0-1
ТАБЕЛА
Вардар 65
Шкендија 63
Силекс 40
Шкупи 38
Работнички 36
Брегалница 33
_________________
Турново 33
Ренова 31
Металург 16
Младост ЦД 16