Водечкото трио во Втората македонска фудбалска лига, екипите на Силекс, Тетекс и Врапчиште доживеа порази на денешните дуели од 25. коло.
Повеќе од убедлив пораз доживеа Силекс кој загуби на гостувањето од Шкупи со 4-1. Стрелци на головите за домашните беа Салаи, Бајрами, Станковски и Идризи, додека Елмир Мандак беше стрелец на единствениот погодок за кратовци.
Тетекс, пак загуби во Прилеп од Победа јуниор со 3-2. Врапчиште загуби на гостувањето во Боговиње против Дрита, а Зајас на неутрален терен беше убедлив против Новаци победувајќи со 5-2.
РЕЗУЛТАТИ – 25.коло
Шкупи – Силекс 4-1
Победа јуниор – Тетекс 3-2
Дрита – Врапчиште 1-0
Зајас – Новаци 5-2
Борец – Маџари С. 0-1
Локомотива – 11 Октомври 2-4
Скопје – Тиверија (вторник, 22.04.2014)
Кожуф – слободен
ТАБЕЛА: Силекс 58 бода, Тетекс 54, Врапчиште 48, Дрита 45, Шкупи 44, Скопје(-1) 43, Кожуф 38, Зајас 35, Тиверија 35(-1), Маџари С. 34,…