gogo

A+ R A-


Силекс се ослободи од петмина, а се засили со Ристевски

altВо пресрет на стартот на зимските подготовки, закажани за 10 јануари во Кратово, фудбалскиот прволигаш Силекс одлучи да ги проветри своите редови. На пролет шефот на стручниот шатб, Зоран Штерјовски, нема да смета на услугите на Кристијан Костовски, Мирко Симјановски, Стојанче Насевски - Чоко, Дарко Миневски и српскиот интернационалец Миљан Мијатовиќ.
Ново име во редовите на Силекс е младинскиот репрезентативец Кирче Ристевски, кој потекнува од младинската школа на Пелистер, а есенва настапуваше за 11 Октомври. Речиси договорена е работата со Србинот Невен Радаковиќ (20), кој потекнува пд школата на Банат Зрењанин. Есенската сезона ја помина како позајмен играч од Борац Чачак во Полет Љубиќ.
И натаму најосетливо место во тимот на Силекс останува позицијата класичен напаѓач. Зимава ќе се бара решение за оваа позиција, за да напролет Силекс остане конкурентен за четвртата позиција на табелата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.