gogo

A+ R A-


Силекс - Шкендија 0-3 (ВИДЕО)

#t=20

0-1 12Одлична акција на Усеини, кој ја изработи домашната одбрана и мајсторски го проигра Нилдо, кому не му беше тешко да ја испрати топката во мрежата.

0-2 15 Овој пат Нилдо е во улога на асистент, а реализацијата му припадна на Селмани, кој успеа да побегне на дури четворица играчи на Силекс во непосредна близина.

0-3 73 Алими упати силен удар откосо, Симов кусо одби до Бериша, кој од неколку метри ја турна топката во мрежата

 Зоран Штерјовски

Денеска одигравме анемичен меч на кој заслуживме да бидеме поразени. Не функционираше ништо во играта, не успеавме да наметнеме своја игра и тоа не чинеше пораз. Ќе се обидеме да поправиме нешто во вторник на гостувањето кај Работнички.
Јетон Беќири

Им честитам на моите фудбалери затоа што одиграа квалитетен натпревар. Ние сме Шкендија и имаме обврска секаде да победуваме. Имавме комплетна контрола во мечот, рано постигнавме два погодоци и се враќаме со три големи бодови во Тетово. Честитки за домаќините за фер играта и коректниот прием.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.