gogo

A+ R A-


Силекс - Шкендија 3-1 (ВИДЕО)

Голови...

48Пенал за кратовци по прекршокот над Гуцев, кој во гол го претвора Ѓорѓиев.
65
Глигоров нафрли од корнер, а Недељковиќ откако ја прими топката на гради, со вистински еврогол го совлада Јовановски
73
Ибраими се обиде да нафрли, топката удри во ногата на Иванов и непријатно го изненади Митровиќ

76 Иванов повлече брз контранапад, Недељковиќ како шило мина низ гостинската одбрана и го совлада немоќниот Јовановски

Момчило Митевски
Моите играчи заслужуваат огромни честитки за овој голем триумф. Покажаа максимално ангажирање во сите 90 минути, одиграа многу квалитетен меч и победија тим за кој добро знаеме каков квалитет поседува. Одигравме многу дисциплинирано, но и тактички зрело, што ни донесе одличен резултат и голема радост.

Шпетим Дуро
Овој пораз е сосема неочекуван за нас, бидејќи дојде во вториот дел од мечот, откако во првото полувреме одигравме солидно. Имавме иницијатива 45 минути, не создадовме многу шанси за гол, но бевме подобри. Во вториот дел се случи тоа што се случи, примивме ран погодок, па останавме и со играч помалку, и поразот беше неминовен.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.