Фудбалскиот клуб Силекс доживеа елиминација во осминафиналето на Купот, која дефинитивно оди на душа на судиската тројка од Битола предводена од судијата Благојче Ралевски.
По воведните 0-0 на Чаир, кратовци рано поведоа со погодокот на Додев во 11-тата минута. Клучниот момент се случи во 14-тата минута, кога голманот на Шкупи, Алексовски, направи класичен пенал врз Дарко Додев. И наместо најстрога казна, Ралевски одмавна со рака не сакајќи да види прекршок и да досуди најстрога казна, која веројатно ќе значеше елиминација на Шкупи од Купот.
Оваа очигледна судиска неправда се покажа кобна за кратовци, затоа што во финишот на мечот примија погодок и останаа без четвртфинале во Купот.
Во таборот на Силекс се револтирани и огорчени од фудбалската федерација, и јавно прашуваат кој, зошто и во чиј интерес на дерби натпреварот од осмина финале на КУП на Македонија делегира судија кој во изминатиот период од натпреварувачката сезона има судено исклуиво натпревари од Â младински лиги.