gogo

A+ R A-


Силекс со пораз од Работнички ја почна плеј-оф фазата

Rabotnicki - SileksДенеска се одигра првиот натпревар од последниот четврти финален круг во Првата македонска фудбалска лига. На теренот на ФФМ составот на Работнички триумфираше со резултат 3:1 во дуелот против Силекс и на тој начин остана во трката за титулата.

„Романтичарите“ водеа со 2:0 по првото полувреме со погодоците на Маркоски и Велковски, намали Момчило Рудан на стартот од вториот дел, а конечниот епилог го постави норвешкиот интернационалец Анене во 55. минута од средбата.

1МФЛ, 28. коло (плеј-оф)

Работнички-Силекс 3:1 (Маркоски 5, Велковски 24, Анене 55 / М.Рудан 51)

Недела

Шкендија-Ренова (16:00 часот)

Вардар-Металург (18:00 часот)

Табела: Вардар 61 бод, Работнички 58, Шкендија 47, Ренова 44, Силекс 34, Металург 33.

фото - Спортмедиа

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.