gogo

A+ R A-


Силекс со прво засилување, Игор Клечкароски нов шпиц

http://media.ohridnews.com/vesti/2015/03/21/81889/9.jpgФудбалскиот прволигаш Силекс започна со летната реконструкција на тимот. Првиот играч кој го засили тимот од Кратово е напаѓачот Игор Клечкароски, кој потпиша едногодишен договор.

Стружанецот Клечкароски (28) го носеше дресот на Младост од Царев Двор две сезони во кои со негова помош клубот направи сензација пласирајќи се од Третата во Првата лига.

- Многу сум задоволен од постигнатиот договор со екипата на Силекс. Се што им побарав ми обезбедија и без размислување го потпишав договорот. Во тимот на Младост помина две фантастични сезони и на клубот му посакувам многу среќа во елитата. - рече Клечкароски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.