Утре продолжува фудбалското првенство на Македонија, кое поради репрезентативни настапи мируваше еден викенд. Фудбалерите на Силекс го пречекуваат составот на Шкендија, кој е во мала резултатска криза и ќе брка бодови во Кратово. Од друга страна, кратовци се решени со победа да ја зацврстат позицијата на табелата и да осигураат учество во плеј-офот. Мечот се игра во сабота од 16 часот, а свое видување има везистот Крсте Тодоров.
-Не очекува тежок и неизвесен меч со противник кој поседува квалитет. Знаеме дека Шкендија е во турбулентен период, сменија тренер, претрпеа пораз од фенерџијата Тетекс и се во мала резултатска криза. Ние токму тука гледаме шанса да го изненадиме составот на Шкендија, а секако дека посакуваме и одмазда за поразот на домашен терен од 0-1, кога заслуживме барем бод, а останавме со празни раце. Комплетни сме, имаме голема мотивација, солиден терен и сметам дека овојпат ќе и се оддолжиме на домашната публика со добра игра и три бода - вели моторот во тимот на Силекс, Крсте Тодоров.