Шкендија е кошмар, казнена експедиција, клуб од друга планета, барем кога игра против Силекс. Кратовци имаат серија од 14 меча без победа против тетовци, а да биде уште полошо, на последните 12 меѓусебни средби загубија. Време е за прекин на серијата, време е за порамнување на сметките. Оптимизам постои, верба во победа исто така.
-Она што го знам со сигурност е дека утре ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да го здржиме третото место на табелата. Инспирација за тоа ни е името на Шкендија, тим кој ќе сака да го искористи денешниот кикс на Вардар за да се доближи до лидерот. Ние имаме квалитет, тоа го докажавме во досегашниот тек на сезоната, и верувам дека ќе се радуваме на победата и третото место на полусезона -Â вели бекот на кратовци Благој Гуцев.
Судија на мечот ќе биде Александар Ставрев.
Силекс утре ќе ја прекинува серијата од 12 порази со Шкендија
Најново
![]() | Денеска | 2400 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24863 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117800 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902542 |