gogo

A+ R A-


Силекс во понеделник ги стартува подготовките за настап во Европа

Јуни е месецот во кој нашите прволигаши ги стартуваат подготовките за наредната сезона, а ФК Силекс ќе биде првиот прволигаш кој ќе ги запали моторите. Имајќи предвид дека поголемиот дел од клубовите имаа мини подготовки пред 2-3 недели, а кратовци тогаш одмараа, логично е сега нешто порано од другите да почнат со тренинзи. Имено за утре е закажано тестирање на Ковид-19, и ако се биде како што треба во понеделник на 22 јуни, тренерот Горан Симов ќе почне да ги собира своите фудбалерите.

Досега кратовци го ангажираа голгетерот Пепи Ѓоргиев, кој доаѓа од Брегалница. Засега никој не изразил желба да си замине, а за шефот на стручниот штаб Горан Симов најважно е “костурот“ на тимот да биде задржан. Можеби ќе се донесат едно до две имиња, за Силекс да има тим со кој ќе може да мине барем едно коло во Европа ова лето.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.