gogo

A+ R A-


Силекс замина по бодови од „проколнатиот“ терен во Турново

altПрволигашот Силекс знаел да донесе бодови од многу тешки гостувања кај тимови што биле шампиони како Вардар, Работнички, Шкендија, но никогаш не успеал да победи на „проколнатиот“ терен во Турново. Клубот од Кратово има неверојатни седум порази на вкупно седум гостувања на југот од земјата, традиција која е непријатна, но некогаш мора да биде прекината.
Умерен оптимист пред гостувањето на југот е и шефот на стручниот штаб, битолчанецот Зоран Штерјовски. Криза има, но мотивацијата ќе биде клучна за да се стаса до успех.
-Гостувањето во Турново ќе биде многу тешко, бидејќи доаѓа по незгодниот пораз на домаќините од Работнички. Евидентно е дека и ние сме во мала резултатска криза, но мислам дека денес е вистинскиот миг да се прекине црната серија и да започнеме нова победничка серија. Денес ќе бидеме хендикепирани поради повреди на напаѓачите, но со максимална мотивација ќе се обидеме да стигнеме до поволен резултат - истакна Штерјовски.

altНа бодови од Турново се надева и бекот Ангелче Тимовски.

-Во клубот добро знаеме за непријатната традиција, но таа постои за да биде некогаш прекината. По седум неуспеси, време е да се остане непоразен, а зошто да не, да се стигне и до првиот гостински триумф во Турново, а и во овогодишното првенство. Малку е незгоден моментот, бидејќи домаќините загубија на својата тврдина пред една недела и ќе се вадат денеска против нас - изјави Ангелче Тимовски, играчот што сезонава има неверојатен прогрес во играта.
Коефициентот за победа на домаќините е 1.80, а триумфот на Силекс е вреднуван со 3.90. Мечот започнува денес во 15 часот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.