Недела, сончев ден, температура над 20 Целзиуси, доволна причина дел од денот да се мине на стадион. Ако сакате причина плус денес во 16 часот да се најдете на стадион, тогаш ја имате. Денес фуадбалерите на Силекс го играат мечот на сезоната, меч по кој би можеле да го осигураат излезот на евросцената. Доаѓа Ренова, тим кој грчевито се бори за избегнување на последните четири места на табелата, но и тим кој со евентуална победа во Кратово би можел да конкурира дури и место кое води во Лига Европа. Кратовци во моментов им бегат добри 9 бодови, со нови три тоа ќе бидат веќе недостижни 12, а со пораз разликата би била само 6. Овие бројки се релативни, и треба да се земат предвид само доколку Брегалница не го освои купот, што е многу веројатно. Во еден таков случај, кога Шкупи нема лиценца за евронастапи, јасно е дека покрај Вардар и Шкендија, кои имаат позиции кои им гарантираат излез на евросцената, се отвара можност за Работнички и Силекс да обезбедат виза.
-Многу математики има пред дербито со Ренова, но нас не интересира само победа. Ренова има добар тим, но ние сме неприкосновени на домашен терен. Ако одиграме како што знаеме, бодовите ќе бидат наши. Секако, ја повикувам и публиката да дојде во што поголем број и да ни помогне во намерата. Впрочем, фудбалот се игра за публика - истакна напаѓачот Николчо Ѓорѓиев.
Судија на мечот ќе биде најдобриот македонски судија Александар Ставрев.
Сите на стадион, Силекс го игра мечот на сезоната
Најново
![]() | Денеска | 1226 |
![]() | Вчера | 1527 |
![]() | Оваа недела | 2753 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 127290 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20912032 |