Одбојкарите на „Пробиштип Весна акумулатори“ вечерва се пласираа во финалето на националниот Куп, откако и во реваншот лесно го совладаа тимот на Лирија од Жеровјане со 3-0 (25:14,25:21,25:15). Пробиштипјани и на првиот меч славеа со максимален резултат, а попладнево само рутински го заверија пласманот во големото финале.
-Победникот во овој меч беше познат уште по првиот меч на гостински терен, па затоа на реваншот шанса добија и неколку помлади одбојкари. Сега ни останува добро да се подготвиме за големото финале на 16 април против кичевска Шутова. Свесни сме дека противникот е фаворит, но нема лесно да се предадеме. Ние како клуб сме пресреќни што за само три години постоење по втор пат ќе играме финале на Купот – вели Оливер Андовски од редовите на ОК Пробиштип.
Веќе в сабота пробиштипјани ги очекува нов дуел од првенството против Мавис од Штип.
автор: Оливер Арсовски
Славје во Пробиштип, одбојкарите се пласираа во финалето на Купот
Најново
![]() | Денеска | 1256 |
![]() | Вчера | 1527 |
![]() | Оваа недела | 2783 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 127320 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20912062 |