gogo

A+ R A-


Стадионот во Кратово доби зелено светло, нема фудбал во Битола, Тетово, Железарница...

http://mw2.google.com/mw-panoramio/photos/medium/31171239.jpgСтадионот во Кратово е еден од малкуте стадиони во Македонија кој ги мина строгите контроли на Фудбалската федерација и на кој ќе може да се игра прволигашки фудбал во следната сезона која почнува за помалку од еден месец. Освен во Кратово, прволигашки фудбал ќе може да се игра уште на неколку стадиони. Единствен стадион во Македонија кој ги исполнува максималните услови, на кој може да се играат и европски натпревари, е националната арена „Филип Втори“. И никој друг.

Од прволигашките екипи, покрај Вардар и Работнички, кои се домаќини на „Филип Втори“, условите за прволигашки фудбал ги исполнуваат и Градскиот стадион во Кратово со Силекс, стадионот „Кукуш“ во Турново каде ќе игра Хоризонт, Градскиот стадион во Штип каде ќе игра Брегалница и стадионот на Македонија ЃП во Ѓорле Петров каде како домаќин ќе биде Тетекс.

Со тоа што сите овие четири стадиони мора да исполнат до 1.септември 2014 дополнителни услови за покривање на одредени забелешки утврдени од Телото за инфраструктура при ФФМ:

- Градскиот стадион во Кратово – реконструкција на соблекувалните и службените простории до 1.септември 2014.

- Стадион „Кукуш“ во Турново – да се зголемат службените простории и соблекувалните, да се подобри пристапот до трибината и уредно да се оформи паркинг пред стадионот, до 1.септември 2014.

- Градски стадион во Штип – реконструкција на соблекувалните и службените простории и да се изградат тоалети за публиката до 1.септември 2014.

- Стадион во Ѓорче Петров – реконструкција на соблекувалните и службените простории, како поставување соодветен број столчиња до 1.септември 2014.

Прволигашки фудбал нема да се игра на „Тумбе кафе“ (Пелистер), стадионот во Тетово (Шкендија и Ренова) и на Железарница (Металург).

Прволигашки услови исполнуваат и Пробиштип, Кочани, Велес, Прилеп, Струмица и Куманово

Од домашните стадион, прволигашки фудбал (повторно со одредени утврдени забелешки) може да се игра уште на само седум стадиони.

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, стадионот во Пробиштип, Градскиот стадион во Кочани, Градскиот стадион во Велес, стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, стадионот „Младост“ во Струмица и стадионот „Башкими“ во Куманово.

Гостивар и Врапчиште не исполнуваат услови и за второлигашки фудбал

Околу состојбата на стадионите за второлигашките екипи, натпревари од Втора лига може да се играат на стадионот Чаир во Скопје, во Гевгелија, во Боговиње и во Охрид.

Дел од второлигашките екипи не може да играат фудбал на своите стадиони. Таков е случајот со новопечениот вторлигаш Младост Царев двор, но и со стадионите во Гостивар и во Врапчиште кои не ги исполнуваат условите ниту за второлигашки фудбал.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ И ДЕЛ ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ФФМ ОКОЛУ ЗАБЕЛЕШКИТЕ ЗА ЦЕНТРАЛНИТЕ ДОМАШНИ СТАДИОНИ

stadioni 1

stadioni 2

stadioni 3

stadioni 4

извор www.ekipa.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.