gogo

A+ R A-


Ставрев прописно се посрамоти, не досуди пенал што и од Месечината се гледа (ВИДЕО)

altИако важи за најдобар македонски судија, Александар Ставрев вчера прописно се посрамоти на дуелот помеѓу Силекс и Вардар. Иако во минатото беспрекорно и без грешка судел и на клубови како Барселона во Лигата на шампиони, сепак, вчерашното судење во Кратово беше прилично конфузно и на моменти аматерско. Секој има право на лош ден, но она што вчера му се случи буквално „пред нос“, а се направи дека не го виде, ги преминува границите на дозволена грешка. Во 54-тата минута, при резултат 1-0 за Силекс, Кристијан Костовски беше грубо соборен од голманот Филип Илиќ. Според судиските учебници, тоа се нарекува кристално чист пенал кој се гледа дури и од Месечината. Соборениот Костовски уште беше во воздух кога Ставрев веќе го држеше картонот в рака, за наводна глума. И тоа беше малку, па за помалку од 10 секунди подели уште два жолти картони за домашните фудбалери.
А не му беше тоа единствената грешка на Александар Ставрев. Во 45 минута по едно ненамерно играње со рака, откако, Карчески се сопна и падна и случајно ја поткачи топката со рака. Ставрев без да размислува му додели втор жолт картон и го остави Силекс со играч помалку цело второ полувреме.
Во таборот на Силекс веднаш подолго време се жалат на судењето на нивните мечеви, но истакнуваат дека најмалку што очекуваат од најдобриот македонски судија е реално судење, или со спортски жаргон 50-50. Тоа вчера го немаше во Кратово.
Видеото погледнете го на следниот ЛИНК
http://fb.watch/2949oKZ-Ug/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.