Штипјанецот Стефан Коцев и прволигашот Силекс денес ја прекинаа соработката, откако бекот помина плодни 18 мееци во дресот на кратовци. Иако претходната сезона ја одигра на високо ниво, последниве 3-4 месеци Коцев беше во втор план и одлучи кариерата да ја продолжи во друг клуб.
„Добив исписница од Силекс и сега сум слободен фудбалер. Имам повеќе понуди од клубови во Косово, Албанија и Македонија. Кој клуб ќе ми понуди најдобри услови- таму ќе заминам“- вели Стефан Коцев.
