gogo

A+ R A-


Тимовски ја здрма пречката во дебито за младата репрезентација

Прв повик во репрезентацијата до 21 година и веднаш стартер на квалификацискиот меч против Израел. Уште да погодеше во мрежата наместо во пречката во 65-тата минута, Ангелче Тимовски ќе беше херој во младата македонска селекција, но и вака играчот на Силекс имаше забележителен настап во поразот од 1-2 на неутрален терен во Ларнака (Кипар).
-Презадоволен сум од настапот, но мака ми е што не се запишав во листата на стрелци. Можеби тоа ќе значеше бод од ова тешко гостување, но не ме посака среќата. Како и да е, овој меч ќе биде голлем поттик во мојата кариера - изјави веднаш по мечот Тимовски.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.