Пред утрешниот меч од третото коло меѓу Силекс и Ренова, една дилема ќе биде разрешена, кој од двата тима ќе го доживее првиот пораз во првенството или и двата тима ќе останат непоразени и по три кола. Овие два тима пред еден месец одиграа контролен меч во Кратово кој заврши 2-2, но сега е поинаков амбиентот, борбата за бодови е немилосрдна и за очекување е крајно неизвесен меч.
-Противникот е квалитетен, Ренова е тим со јак колектив, без издвојување некои поединци. Нашата фудбалска филозофија е јасна, да се изгине на терен, да се остави душата на терен и да се осовјат бодовите. Ние нема да калкулираме, одиме на освојување на трите бода, што нема да биде лесна работа против ваков противник. Се наоѓаме во одлична форма, а тоа треба да го искористиме на најдобар начин и да чекаме кикс на Вардар против Брегалница за да се искачиме на врвот - изјави Ангел Тимовски, десниот бек на Силекс кој се повеќе се наметнува со своите игри.
Обложувачниците на интернет го сметаат Силекс за благ фаворит, давајќи му коефициент 2 за победа. Триумфот на Ренова е проеет на 3.40, а нерешениот исход има квота 3.20.