Покрај елиминацијата од второлигашот Еуромилк, на фудбалерот на Силекс и новопечен младински репрезентативец Ангелче Тимовски овој меч ќе му остане долго во сеќавањето по неприхжјатниот момент што му се случи во 82-та минута од мечот. При еден брз контранапад, Крсте Тодоров не баш прецизно го проигра брзоногиот бек на Силекс, а овој во најдобра намера да стигне до топката пред таа да излезе во голаут, пожртвувано реагираше и со полн спринт успеа да ја стигне топката и да нафрли во петерецот на домаќинот. Притоа, битката со топката ја доби, но ја загуби битката со инерцијата, па не успеа навреме да запре и со главата се заби во металната ограда зад гол-аут линијата.
-Во тие мигови кога бркавме погодок кој ни беше потребен за пласман во следната рунда, воопшто не размислував за опасноста да се повредам. Сум играл и порано на стадионот „Борис Трајковски“, добро знаев дека просторот околу зелениот терен е премногу тесен и нема некој голем комфор. Но, во тие мигови бев насочен само кон главата на Бобан Мариќ, кој очекуваше топка на пеналтикот, па не ни бев свесен дека ќе настрада мојата глава - вели Ангелче Тимовски.
Мечот поради инцидентот беше во прекин цели 7 минути, а на теренот влезе и амбулантното возило и медицински тим. Од главата на Тимовски бликаше крв, а не издржа и носот на младиот пробиштипјанец. Но, според зборовите на фудбалерите на Силекс кои биле во близина, сосема неочекувана била реакцијата на медицинскиот тим, кој наместо да го санира крварењето од носот и челото, со дебела игла првин му вбризгале инфузија во раката. Притоа, пукнала вената, при што Тимовски загубил поголема количина крв од раката, одколку од повредата на челото и носот.
На крајот, храбриот Тимовски наместо во болоничкото возило, со чалма на главата се врати на теренот, но не доби дозвола да го продолжи мечот, а Силекс последните десеттина минути ги одигра со играч помалку.
Тимовски си ја расцепи главата откако удри во оградата на стадионот во Маџари
Најново
![]() | Денеска | 2540 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 25003 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117940 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902682 |