Некако стана вообичаено на големиот празник Тодорица во Кратово да се игра фудбалско коло. И некако коцките се поклопуваат на Тодорова сабота да гостуваат големи клубови, кои привлекуваат поголем број гледачи на стадионот во Кратово. Така веројатно ќе биде и денес (14 часот), кога во Кратово гостува најдобро рангираниот македонски клуб на УЕФА ранкингот, освојувачот на Купот, Работнички од Скопје. Ова ќе биде повеќе од дерби, ова би можело да биде меч на сезоната за двата тима, затоа што влогот е голем битка за третата позиција на табелата, веднаш зад гигантите Вардар и Шкендија. Силекс влегува со предност од еден бод на табелата, но и со предноста на домашниот терен, на која сезонава во 11 меча имаат само еден пораз од лидерот Вардар.
Судија на мечот ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје.
Тодорица и фудбал се одлична комбинација, Силекс го дочекува Работнички
Најново
![]() | Денеска | 1220 |
![]() | Вчера | 1527 |
![]() | Оваа недела | 2747 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 127284 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20912026 |