По убедливиот триумф минатото коло против Шкупи, денеска уште една блескава партија за футсалците на КМФ „Кратово“. Пред речиси полна сала и бучните навивачи „Грофови“, кратовските фудбалери го совладаа тимот на „Бели“ од Кочани со 8-2, со што се најдоа на лидерската позиција на втората футсал лига. По двата погодока во првото коло, повторно голгетерски „блицкриг“ имаше Горан Арсовски, кој овојпат дури четири пати ја тресеше противничката мрежа. Два погодока постигна Бобан Начковски, а по еден Дејвид Тодоровски и Драган Стефанов.
Одличната игра на кратовци треба да ги радува тренерот Никола Јосифовски и соработниците Иванче Спасовски иБранко Младеновски, а секако дека по ова растат и амбициите за влез во елитната конкуренција.
Триумф на КМФ „Кратово, голгетерски блесок на Горан Арсовски
Најново
![]() | Денеска | 2444 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24907 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117844 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902586 |