gogo

A+ R A-


Турскиот прволигаш Бурсаспор фрли око на голманот Христијан Митковски

altМладиот и талентиран голман Христијан Митковски е на чекор до остварување на својот фудбалски сон, да брани за голем фудбалски клуб со богата традиција и армија навивачи. 24-годишниот кратовец веќе една недела се наоѓа на проба во Турција, во кампот на прволигашот Бурса, тим кој секогаш им дува во грб на големите гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ.

-Минав напорна недела во тренинг-кампот на Бурса, а информацијата дали ќе остварам трансфер ќе ја знам во најскоро време. Првиот ден тренирав со Б-тимот, а веќе следниот ден по препорака ме префрлија да тренирам со најквалитетниот состав на Бурса. Интересно е што скаутите на Бурса ме следеле половина година, и тоа за време на моите настапи за Маџари. И еве, поканата стигна - истакна младиот Митковски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.