gogo

A+ R A-


Утре е фудбалски празник во Кратово, доаѓа Вардар

Силекс - ВардарВо македонскиот фудбал има неколку големи дербија, но едно од најголемите секако е Силекс - Вардар. Два трофејни клубови кои владееја со мак-фудбалот во периодот на деведесеттите, кога заедно освоија еден куп трофеи. Два клуба кои одиграле убедливо најмногу меѓусебни мечеви во макфудбалот, затоа што Вардар никогаш, а Силекс само еднаш ја напуштил елитата. И ако сакате, дерби е затоа што во моментов Силекс е трет, а Вардар втор на првенствената табела.
Е па, утре во 15 часот ќе гори Кратово. Кратовци се наострени до небо да го совладаат лутиот ривал на теренот, да докажат дека имаат квалитет и заслужено се на третата позиција на табелата. Дополнителен мотив е лошата серија која ја имаат против црвено-црните, а тоа значи црна серија од порази и ремија долга 12 меча. Дали тринаесеттиот меч ќе биде среќен или баксузен, ќе покаже утрешниот меч, а многу нешта ќе зависат и од арбитражата на младиот тетовски судија Фатон Мустафи, кој треба да докаже дали е достоен да суди вакви дербија со висок ризик.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.