gogo

A+ R A-


Утре во 16 часот ќе пукне „бомба“ во Кратово

http://www.edmkpollensa.com/wp-content/uploads/sites/5/2014/06/bomba-de-duchado-kitesurfen-mallorca.jpgУтре сите патишта водат во градската сала во Кратово. Во футсал плеј-офот останаа уште четири кола, а утре (16 ч.) доаѓа лидерот Шкупи, тим кој мора да падне за конечно КМФ Кратово да се искачи на лидерската позиција. Атмосферата е зовриена, навивачката група „Грофови“ најавува експлозивна атмосфера на раб на инцидент, дури се најавува и одмазда за неодамнешниот инцидент во Чаир кога беше нападната кратовската навивачка група и искршен автобусот со кој патуваа. Се надеваме дека ќе преовлада разумот и мечот ќе помине без ниту еден инцидент, а кратовските футсалци ќе прослават голема победа со која ќе бидат на чекор до Првата лига.
Кратовци го имаат речиси комплетниот состав на располагање, со исклучок на Бобан Начковски кој минатата недела заработи непотребно исклучување и го остави тимот без неговите услуги.

ТАБЕЛА
1. КМФ Шкупи 46
2. КМФ Кратово 44
3. КМФ Цико 36
4. КМФ Рудник Саса 29

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.