Фудбалерите на Силекс се враќаат со разочарувачки пораз од Лихтенштајн, во меч од првото квалификациско коло на Лига Европа. Домашниот тим на Вадуц, во меч во кој не го надигра составот од Кратово, славеше со превисоки 3-1 (2-0). По одличните воведни 15 минути, во кои Силекс одигра дрско и имаше одлична шанса преку Пановски да го отвори резултатот, следуваше пад во играта на кратовци. Четата на Момчило Митевски неочекувано се повлече на својата половина, на моменти се играше класичен бункер пред голот на Вујанац, а тоа скапо го чинеше составот од Кратово. По една одбиена топка од голманот Вујанац, заспа одбраната на Силекс и Костанцо откосо неодбраливо биеше во горниот десен агол за водство во 37-та минута. И кога се очекуваше крај на првиот дел, во втората минута од судиското продолжение, повторно нов кикс на одбраната на Силекс, која дозволи Костанцо од само 5-6 метри со глава да ја затресе мрежата на Силекс.
Во вториот дел Силекс заигра далеку поагресивно, ја контролираше играта во поголем дел од мечот, а тоа даде резултат во 86-тата минута, кога Иванов силно биеше со глава, голманот одби кусо, а Мицков од само неколку метри намали на 2-1.
И кога се очекуваше крај на натпреварот, се повтори приказната од првиот дел. Судијата покажа 4 минути продолжение, а во петата минута од профолжението по корнерот за домашниот тим, најдобро се снајде Грипо и му донесе одличен резултат на Вадуц пред реваншот за седум дена во Скопје.
Вадуц - Силекс 3-1, кратовци примија два гола во судиските продолженија
Најново
![]() | Денеска | 110 |
![]() | Вчера | 3310 |
![]() | Оваа недела | 25883 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 118820 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20903562 |