На едно коло пред крајот на првенството, фудбалерите на Вардар ја освоија десеттата титула. Поладнево во Пробиштип „црвено-црните“ беа доминанти во сите 90 минути и со триумф од 2-0 над Шкупи ја заверија титулата. По динамичните први 45 минути, во кои и двата тима имаа по неколку прилики да го отворат резултатот, вториот дел донесе апсолутна иницијатива на „вардарци“. Славјето го навести Грнчаров со погодокот во 50-тата минута, а точка на мечот стави Хамбарџумјан во 77-та минута, за конечни 2-0 и недостижни пет бода пред големиот ривал Шкендија.
По мечот, вардарци долго време славеа со своите верни „Комити“, а во еден момент на радост и занес, тренерот Гоце Седлоски се најде во воздух, носен на рацете на своите момчиња. Откако славјето заврши, Седлоски не ги криеше емоциите по првата титула во неговата тренерска кариера.
-Ова беше многу напорна сезона која ја крунисавме со титула. Цела недела ги подготвував играчите за овој меч, им делев совети за титулата да ја осигураме уште во Пробиштип. Им кажав дека тие се најдоброто во Македонија, а тие тоа и го демонстрираа на теренот. Сега ни преостанува добро да се подготвиме за настапите во Европа – истакна Седлоски.
Фотографија: Оливер Арсовски
Вардар ја прослави „ла Десима“ во Пробиштип (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Најново
![]() | Денеска | 169 |
![]() | Вчера | 3310 |
![]() | Оваа недела | 25942 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 118879 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20903621 |