Лидерот Вардар својот меч против Шкупи во рамките на 31. коло во плеј-офот ќе го игра во Пробиштип поради забраната да се игра на домашен терен.
Вака беше одлучено на состанокот меѓу претставниците на Вардар и Фудбалската федерација на Македонија. Како што е познато на Вардар му треба бод за да ја одбрани титулата.
Шкендија пак ќе го пречека Силекс во Гостивар, додека Ренова со Хоризонт Турново игра во Тетово.