gogo

A+ R A-


Вардар се излеа во Кратово по само 19 минути игра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

altФудбалерите на Вардар демонстрираа висока класа на гостувањето во Кратово во рамки на првото пролетно коло од фудбалскиот шампионат. Се чини, без многу напор, вардарци го решија мечот со три рани погодоци, уште во првите 19 минути од мечот. А можеше се да биде далеку покомплицирано за дрим-тимот на Самсоненко доколку напаѓачот на Силекс Александар Пановски искористеше барем една од зрелите шанси во 10-тата и 11-тата минута. Само присебноста на Томе Пачовски го спаси „црвено-црниот“ брод од рано потонување на калливиот терен во Кратово. Ова како да ги рассони скопјани, па за период од само 7-8 минути го торпедираа составот на Штерјовски со три експресни погодоци, на кои делумно кумуваа и домашната одбрана и голманот Ников.
altПрвин Филип Ивановски, по асистенција на Љамчевски, влезе во шеснаесетникот, со финта ја измрда домашната одбрана и лукаво по земја го совлада Ников.
По водството во 12-та минута, две минути подоцна избраниците на Андреев го удвоија водството. Блажевски доби топка во длабочина, тој и голманот Ников тргнаа во истовреме кој прв ќе стаса до топката, но топката се закопа во калот и му отвори можност на Шиле со лоб од 30 метри да го совлада истрчаниот Ников.
Дополнителен шок беше третиот погодок на Блажевски во 19-тата минута, кога напаѓачот се одлучи на удар од 25 метри откосо, топката незгодно отскокна на 2 метра пред Ников, го прескокна и заврши во мрежата.
По водството од три разлика, вардарци имаа извонредна можност и за четврт гол, но бомбата на Горан Попов заврши во дирекот.
Во вториот дел вардарци одиграа со послабо темпо, како да се задоволија со три разлика, па мечот не изобилуваше со шанси и возбудувања.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.