gogo

A+ R A-


Велинов доби двегодишна условна затворска казна за местенката со бугарската мафија

altПо многу перипетии, деновиве заврши судскиот спор за местење фудбалски натпревар од првата фудбалска лига. Обвинетиот екс-фудбалер на Силекс, Стојанче Велинов, кој беше обвинет дека се обидел да го намести мечот Металург - Силекс, ја признал вината пред судот и доби соодветна казна за прекршокот. Судот го осудил на двегодишна затворска казна, но казната е условна, односно ќе ја одлежи само доколку во следните пет години направи друго кривично дело.
Според кумановското обвинителство, ниту еден од останатите местачи, а меѓу нив имало лица од Бугарија, не бил достапен на Судот, па Велинов го искористил законското право да го признае делото и да добие поблага пресуда.
Да потсетиме дека во мај Велинов примил поткуп од бугарската мафија за да врбува свои соиграчи и да влијае на конечниот резултат, односно Силекс да загуби од Металург. Работите тргнале на лошо откако не успеал планот на Велинов, па Силекс помалку неочекувано победи на гости со 3-1, во меч во кој квотата за „двојка“ беше над 10. Подоцна Бугарите побарале дел од парите назад, затоа што наводно загубиле 40.000 евра на конкретниот меч.
Во меѓувреме, дел од македонските медиуми објавија дека Велинов потпишал за штипска Брегалница и дека неговата кариера не е загрозена.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.