По добивањето на името на противникот во осминафиналето на националниот куп, во редовите на фудбалскиот прволигаш владее нагласен оптимизам. Еуромилк е противник по мерка, тим каков кратовци потајно посакуваа. Првиот дуел се игра за помалку од три недели, а во Силекс веќе ги изнесоа првите впечатоци.
-Да се разбереме, лесни противници во оваа фаза на куп-натпревари нема. Името на противникот не влева страв, ама за да ги минеме ќе мораме да одиграме максимално мотивирано. Ако не се трудиме доволно, ако не го испотиме дресот, нема успех. Јас верувам во нашите квалитети, мислам дека со максимален ангажман ќе го минеме противникот, а во следната фаза, со малку среќа да добиеме полесен противник, би можеле далеку да догураме. Овој дуел ќе биде интересен од уште еден аспект, бидејќи таму настапува кратовецот Стојанче Насевски - Чоко, - истакна еден од најдобрите играчи на Силекс, Стојанчо Велинов - Корка.
Својата шанса да покаже што знае и да добие поголема минутажа на овој двомеч гледа приновата во редовите на Силекс, младиот Мирко Симјановски. Тој е голем оптимист дека кратовци ќе играат во следната фаза.
-Добивме противник по мерка, кој не би требало да имаме проблеми да го минеме. Имаме поквалитетен состав, кој доколку не го потцени противникот, би требало да се надева на сигурен пласман во во четвртфиналето. А таму со малку среќа би можеле да добиеме противникот како Кожув, Дрита, Напредок или Победа и да заиграме во полуфиналето - истакна Симјановски. Оливер Арсовски
Велинов и Симјановски сигурни, Еуромилк мора да се мине
Најново
![]() | Денеска | 2517 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24980 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117917 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902659 |