Вчерашниот ден фудбалерите на Силекс го искорисtија за одигрување на пријателски меч со третолигашот Гоблен од Куманово. На овој меч шанса добија играчите кои почесто се на клупата за резервни фудбалери, и моѓе да се каже дека не разочараа со играта. Кратовци беа поуспешни, совладувајќи го противникот со високи 4-0. Отпорот на кумановци беше скршен на средина од вториот дел кога Стефан Магловски од пенал донесе водство. На 2-0 зголеми Бобан Мариќ, а малку подоцна и Роберто Стојков се запиша во листата на стрелци. Конечните 4-0 ги постави Игор Недељковиќ на асистенција на Стојков.
Кратовци веќе в недела ги очекува ново искушение. Во Кратово гостува Ренова, а мечот започнува во 17.30.