gogo

A+ R A-


Во контролен меч Силекс ја совлада Брегалница со 2-1

altВо третиот контролен меч одигран летово, фудбалерите на кратовски Силекс ја забележаа првата победа, Кратовци попладнево на својот стадион го надиграа составот на Брегалница во сите елементи на фудбалската игра и на крајот забележаа победа од 2-1. Резултатот не го отсликува она што се случуваше на теренот, каде кратовци пропуштија низа стопроцентни прилики да го декласираат штипскиот состав кој го предводи стратегот Ѓоре Јовановски. Силекс поведе уште во 7-та минута преку Стојанче Велинов, а даесеттина минути подоцна капитенот Николчо Ѓорѓиев зголеми на 2-0. Конечниот резултат 2-1 беше поставен во последните мигови од мечот.
Во претходните две контроли Силекс ремизираше со Ренова 2-2 и загуби од Осогово со 0-1.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.