Дуелот од средината на табелата меѓу Ренова и Силекс заврши само навидум мирољубиво (1-1), а во финишот од мечот се случија нескакани инциденти меѓу фудбалерите на двата тима. По означувањето на крај на натпреварот од арбитарот Александар Ставрев, играчите на двата тима започнале мешаница во подтрибинскиот простор, која за среќа не преминала во општа тепачка. Нервозата кај домашниот тим кулминирала по двете исклучувања на Јусуфи и Гафури, откако судијата Ставрев означил крај, а двајцата продолжиле да приговараат.
Силекс во првиот дел утна неколку стопроцентни шанси преку Тимовски, Велинов и Мариќ, кој ја погоди пречката. Во вториот дел домашниот состав поведе со голот на Мишковски по изведен корнер. Силекс израмни преку Велинов, по асистенција на Ангел Тимовски. Во финишот Велинов пропушти шанса да му донесе три бода на Силекс од ова тешко гостување.
Во наелектризирана атмосфера, Силекс извлече реми со Ренова
Најново
![]() | Денеска | 1352 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 23815 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 116752 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20901494 |