Денешниот ден е вистински празник на фудбалскиот Исток, денес во Кочани, на неутрален терен ќе се види кој е владетелот на Истокот, дали фудбалерите на Силекс или условно домаќинот на овој меч, Брегалница од Штип. Атмосферата е наелектризирана, Силекс брка бодови за зацврстување на третата позиција на табелата, а штипјани за бегство од опасната зона.
-Ова дефинитивно ќе биде добар натпревар, како и секогаш кога играат Силекс и Брегалница. Ние во Кочани одиме со јасна цел, да дојдеме до бодови, и тоа по велиот плен. Сиогурно нема да се браниме, затоа што имаме квалитет, а формата ни оди во нагорна линија. Од овој меч и следниот со Хоризонт ни зависи остатокот од сезоната, тие ќе бидат одредница дали ќе атакуѕваме кон врвот или ќе се бориме за опстанок - вели се подобриот во редовите на Силекс, Андреј Ацевски.
Во второто есенско коло Силекс ја порази Брегалница во Кратово со 1-0, во меч кој заврши со мал инцидент на крајот, што е вообичаена слика кога играат овие два клуба. Во обложувалниците букмејкерите, по малку зачудувачки, и даваат предност на Брегалница. Квотата за 1 е 2.10, а за тримф на кратовци околу 3.20. Мечот започнува во 13.30 на стадионот „Никола Мантов“во Кочани.
Време е за жежок фудбал, Брегалница - Силекс во дербито на Истокот
Најново
![]() | Денеска | 2596 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 25059 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117996 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902738 |