gogo

A+ R A-


Заврши преодниот рок, Силекс со само едно засилување

На само две недели пред стартот на пролетниот дел од фудбалското првенство, во таборот на Силекс е неверојатно мирно, без речиси никакви играчки потреси. Иако многумина очекуваа кратовци интензивно да пазарат и да се засилат во битката за третата позиција, која ќе значи сигурен излез на евросцената, сепак до такво нешто не дојде. Раководството на Силекс одлучи на пролет да се потпре на истите играчи од есенскиот дел, со единствена принова во името на напаѓачот Љутви Биљали кој доаѓа од второлигашот Гостивар. Во спротивен правец замина Бобан Мариќ, кој не ја доби вистинската шанса во Силекс и ќе се обиде да се рехабилитира во Гостивар, кој ќе атакува на влез во елитата. Кратовци се откажаа од услугите и на напаѓачот Стојанче Велинов, кој се пресели во Брегалница, како и бекот Кирче Ристевски, кој замина во прилепска Победа. Нејасна е иднината на Крсте Тодоров и Никола Ѓурчиновски, кои се во потрага по нов клуб, но сеуште немаат чиста ситуација со кратовци.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.