gogo

A+ R A-


Желба на Недељковиќ: Блажевски нека даде гол, а Силекс на крајот да слави

altОстануваат уште неколку часа до мегапресметката меѓу Силекс и Вардар (недела, 15 часот), а атмосферата се повеќе се вжештува. Кратовци се убедени дека по цели пет години ќе го совладаат Вардар, кој денеска би можел да остане без поддршката на своите „Комити“, кои го бојкотираат клубот поради несогласувања со раководството на црвено-црните. Но, затоа домашниот тим очекува максимална поддршка од трибините, полн стадион за големо славје по завршување на мечот.
-По мене, Вардар ја има најдобрата екипа во лигата, збир на одлични индивидуалци кои во секој момент можат сами да го одлучат мечот. Секоја пресметка меѓу Силекс и Вардар има голема тежина бидејќи се работи за клубови со долга историја. Многу е важно во мечот да влеземе без преголем респект кон противникот и да го оставиме срцето на терен. Играме на свој терен и не смееме да се исплашиме од противникот. Се надевам дека ќе освоиме барем бод, а ако се укаже прилика, ќе атакуваме и на три - вели српскиот интернационалец Игор Недељковиќ.
Дуелот меѓу Силекс и Вардар ќе го одбележи уште една мега-пресметка на теренот, меѓу најдобриот стрелец на Вардар и во лигата, Дејан Блажевски и голгетерот на кратовци, Игор Недељковиќ. Првиот има 7 погодоци на контото, а Недељковиќ официјално 4, бидејќи петтиот погодок со Металург се води како автогол.
-Блажевски е квалитетен шпиц и ќе биде интересно да се следи нашата пресметка на теренот. Еве, моја желба е Блажевски да излезе победник, да постигне гол повеќе од мене, но на крајот Силекс да победи - истакна популарниот Недеља.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.