gogo

A+ R A-


„Златен“ гол на Крсте Тодоров за голем бод во Турново

altЦелта е остварена, кратовци се враќаат со голем бод од тешкото гостување во Турново. Фудбалерите на Силекс потајно посакуваа триумф, но најавија дека и бод би бил огромен капитал пред одигрувањето на последните две кола од третиот круг. На крај излезе втората варијанта, кратовци се враќаат со бод, откако Хоризонт поведе со голот на Танушев во првото полувреме, а конечните 1-1 ги постави Крсте Тодоров со својот првенец во дресот на Силекс.
Овој бод добива на тежина бидејќи кратовци играа без столбовите во одбраната, С.Рудан и Багашовски, како и без суспендираниот голман Симов. Тренерот Штерјовски мечот го започна без некогаш ударното трио на Силекс, Велинов - Ѓорѓиев - Пановски, кои влегоа во текот на вториот дел.
Веќе в среда кратовци ги очекува мечот на сезоната, во Кратово гостува Пелистер, тим кој ги возобнови надежите дека може да се спаси од испаѓање. Својата последна шанса битолчани ја гледаат во Кратово, а пак Силекс со три бода речиси сигурно ќе ја избегне плеј-аут зоната.

РЕЗУЛТАТИ – 25. КОЛО

Вардар – Ренова 1-0

Хоризонт Т. – Силекс 1-1

Металург – Брегалница 0-0

Работнички – Шкендија 1-0

Пелистер – Тетекс 3-1

ТАБЕЛА: Вардар 58 бода, Работнички 54, Ренова 42, Шкендија 41, Металург 31, Силекс 31, Хоризонт 29, Брегалница 26, Пелистер 22, Тетекс 9 бода.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.