Селекторот на А-репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат за селекцијата составена од домашни фудбалери на натпреварите против селекцијата на странци од Првата македонска фудбалска лига и дуелот против играчи од селективниот камп на репрезентацијата до 21 година. Ангеловски ќе смета на играчите за натпреварот на 12. декември кој ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а на 14. декември овие играчи ќе одиграат со играчи од селективниот камп на младата репрезентација. Репрезентацијата до 21 година на 12. декември ќе ги одмери силите со Хоризонт Турново во пријателски натпревар кој ќе се игра во Велес.
Списокот на селекторот Игор Ангеловски и Благоја Милевски од младата репрезентација е во најмала рака изненадувачки, бидејќи на него ги нема Ангелчо Тимовски, Филип Дурански и Благој Гуцев од редовите на Силекс. Играчите кои се носители на играта оваа полусезона, на чии крилја кратовци се на високото трето место, се заборавени од страна на двајцата селектори. Тимовски без осцилации ги одигра сите мечеви од полусезоната, а Дурански и Гуцев на последните 5-6 дуели играат во извонредна форма. Единствениот кој се најде во овие два списоци е искусниот Глигор Глигоров, кој се препороди откако се врати пред два месеци во дресот на Силекс
СПИСОКОТ НА ИГОР АНГЕЛОВСКИ:
Голмани: Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Марко Јовановски (Шкендија);
Одбрана: Горан Силјановски (Работнички), Мевлан Мурати (Шкупи), Мите Цикарски (Работнички), Бојан Најденов (Х. Турново), Дарко Глишиќ (Вардар), Кире Ристевски (Работнички);
Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Арменд Алими (Шкендија), Глигор Глигоров (Силекс), Никола Тонев (Брегалница);
Напад: Марјан Радески (Шкендија), Бесарт Ибраими (Шкендија), Изаир Емини (Ренова), Филип Ивановски (Вардар), Дејан Блажевски (Вардар), Марјан Алтипармаковски (Работнички);
СПИСОКОТ НА БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ ЗА СЕЛЕКТИВНИОТ КАМП НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Голмани:Шишковски Дамјан (Работнички), Талески Давор (Металург), Мујовиќ Сенад (Грасхоперс, Швајцарија);
Одбрана: Муслиу Висар (Ренова),Најдовски Леон (Работнички), Амановиќ Алекса (ИМТ Нови Београд, Србија),Бејтулау Егзон (Шкендија),Коцев Стефан (Брегалница), Аломеровиќ Сабахудин (Еуромилк),Чешмеџиев Константин (Љубанци);
Среден ред: Реџеп Хакан (Велје, Данска), Картал Мелих (Беледиспор, Турција), Жута Едуард (Вастерас, Шведска), Тотре Енур (Шкендија), Костадинов Тихомир (Банска Бистрица, Словачка), Кочовски Валентин (Хоризонт Турново);
Напад: Ангелов Виктор (Металург), Имери Демир (Хоризонт Турново), Пивковски Филип (Ландскрона, Шведска), Петковски Петар (Вардар), Георгиев Борко (Рудеш, Хрватска), Демир Бенџамин (Тетекс)