Репортажата за вулканските експонати во кратовско беше неодамна направена од група полски геолози. Започна со Костоперска карпа, една од вулканските капи на патот од Куманово накај Кратово и Крива Паланка. Кај Младо Нагоричане ќе не чека Стевче Доневски, основач на Центарот за карпеста уметност во Кратово, собирач и презентер на културно-историски факти и преданија за Кратово и околината. Глетката од карпата е величествена. Карпата – уште еден предизвик за геолозите.
Одиме накај Куклица, да ги видиме „скаменетите сватови“, а оттаму накај Кратово, градот изграден врз некогашен вулкан, кој и ден-денес на три места испушта гасови. Прашања, прашања, прашања. Се’ што видовме беше предизвик и загатка за геолозите. А крајот беше спектакуларен.
Пречек со гајда, презентација на Кратово во сенката на 650 години старите кратовски борови и финале со кратовско домашно вино и ракија, во подрумот на Стевче.