„Сакаме Кратово да биде град на млади луѓе“! Со оваа фотосторија учениците од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ од Кратово го освоија првото место на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на темата „Би сакал/а во мојата општина да…“. Учениците Мери Паунова, Теодора Манева, Викторија Трифуновска, Даниел Смиљков, Влатко Марковски и Нела Георгиевска, под менторство на професорот Оливер Арсовски, со црно-белата фотоприказна во која главната улога ја имаат шест баби кои копнеат по своите синови, ќерќи и внуци иселени во странство, укажаа на демографската катастрофа во Општина Кратово. Преку седмата фотографија, шаренолика, со многу колорит и со млади ликови, испратија порака дека иднината останува на младите.
1. Баба Цвета

2. Баба Ратка

3. Баба Калина

4. Баба Славка

5. Баба Павлина

6. Баба Нада

7. ИДНИНА - да го спречиме иселувањето на младите од Кратово, да обезбедиме ИДНИНА за нашиот сакан град
