gogo

A+ R A-


Вечерва полнете до врв, од утре бензините над 100 денари

Цената на 95 ката се зголемува за 9 денари и  литар ќе чини 104 денари. За толку поскапува  и дизелот и ќе се точи по цена од 95 денари за литар. Цената на 98-цата ќе се зголеми за  9,5 денари и литар ќе изнесува 106, 5 денари.

Оваа корекција регуалторната комисија ја направи откако на владина седница се  донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема  да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од  светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.